Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 97

97
Господова сила и владеење
1. Господово Царство
1Господ царува: нека се радува земјата; нека се веселат многубројните острови! 2Облак и темнина Го обвиваат наоколу; правдата и судот се основа на Неговиот престол. 3Оган оди пред Него и ги изгорува Неговите непријатели отсекаде. 4Секавиците Му ја осветлуваат вселената, земјата го гледа тоа и трепери. 5Планините се топат, пред Господа, како восок, пред Владетелот на целата земја.
2. Возвеличување на Господа
6Небесата ја навестуваат Неговата правда, сите народи ја гледаат Неговата слава. 7Нека се засрамат сите што се поклонуваат пред слики и кои се фалат со идоли. Поклонете Му се, сите богови! 8Сион слуша радосно, и Јудините ќерки извикуваат весело, заради Твоите судови, о Господи! 9Зашто Ти си, о Господи, Сѐвишен над целата земја, високо, високо, над сите богови.
3. Праведниково избавување
10Господ ги љуби оние, кои го мразат злото, Тој ги чува душите на Своите свети, ги избавува од рацете на нечесните. 11Светлината се излева врз праведникот и радост за чистите во срцето. 12Радувајте се, праведници, во Господа, славете Го Неговото свето Име.

Селектирано:

ПСАЛМИ 97: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се