Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 82

82
Божји суд за несправедливи судии
Асафов псалм.
1Бог стои во соборот на боговите, одржува суд среде боговите. 2„До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците? 3Заштитувајте ги: бедниот и сирачето, дајте им правда на јадникот и сиромашниот! 4Избавете го измачуваниот и слабиот, истргајте го од безбожни раце!“
5Не сфаќаат ниту разбираат, одат во темнина: сите основи на земјата се разлулеани. 6Навистина реков: „Вие сте богови и сите сте синови на Сѐвишниот!“ 7Но ќе умрете како сите луѓе, ќе паднете како секој од големите!“ 8Боже, стани и суди ја земјата, зашто Си, со право, Господар на сите народи.

Селектирано:

ПСАЛМИ 82: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се