Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 8:1-9

ПСАЛМИ 8:1-9 MKB

Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја; Ти ја подигна Твојата Слава над небесата. Од устата на малите деца и на доилчињата, Си зацврсти сила заради Твоите непријатели, за да ги натераш да молкнат: врагот и одмаздникот. Кога ги гледам Твоите небеса, делото на Твоите прсти; месечината и ѕвездите што си ги поставил: Што е човекот за да си спомнуваш за него? Или човечкиот син за да го посетуваш? А Ти го направи само малку подолен од ангелите и го овенча со слава и чест. Го постави за господар над делата на Своите раце; сѐ му потчини под неговите нозе: сите овци и говеда, и полските ѕверови кон тоа; небесните птици и морските риби и сѐ што поминува по морските патишта. Господи, Боже наш! Колку е величествено Твоето Име по целата земја.