Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 79:1-9

ПСАЛМИ 79:1-9 MKB

Боже, незнабожците, ете, навлегоа во Твоето наследство, го запустија Твојот Свет Храм, го претворија Ерусалим во урнатини. Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа за храна на небесните птици, месото на Твоите свети на земските ѕверови. Им ја пролеваа крвта како вода околу Ерусалим, и немаше никој, за да ги погребе. Станавме за срам пред своите соседи, присмев и ругање за сите околу нас. До кога уште, Господи? Зар ќе се гневиш секогаш? Зар Твојата ревност ќе гори како оган? Излеј го гневот врз незнабожците, што не Те признаваат, и врз царствата што не го повикуваат Твоето име! Зошто го изедоа Јакова и го опустија неговото престојувалиште. Не спомнувај си, против нас, за беззаконијата на татковците, нека нѐ испревари Твојата милост, зашто сме јадни и неволни. Помогни ни, Боже, наше спасение, заради славата на Своето име, ослободи нѐ и прости ни ги гревовите заради Своето име!