Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 56

56
Молитва за избавување
1. Молитва за помош
За началникот на пејачите. За гулабица, што молчи во далечина. Давидово писмо, кога Филистејците го фатија во Гат.
1Смилувај ми се мој Боже, зашто човекот сака да ме проголта; мојот напаѓач непрекратно ме угнетува. 2Моите непријатели се нафрлаат врз мене секој ден; мнозина се оние, што војуваат против мене. 3Кога стравот ме опфаќа, на Тебе ќе се надевам. 4Во Бога јас ќе го фалам Неговото слово; јас се надевам на Бога и нема да се плашам, што може да ми направи смртник?
2. Злоба на непријатели
5Од утро до вечер, ми ги изопачуваат зборовите; сите нивни помисли се зло за мене. 6Се состануваат и дебнат; внимаваат на моите чекори; за да ја уловат мојата душа. 7Плати им според беззаконието, о Боже, со гнев обори ги незнабошците!
3. Небојажлива надеж на Бога
8Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сѐ во Твојата книга? 9Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене! 10Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово. 11Се надевам на Бога и нема да се плашам: што може да ми направи човек?
4. Благодарност за избавување
12Ме врзуваат заветите што Ти ги направив Тебе, о Боже, ќе Ти принесам благодарни жртви, 13зашто ми ја спаси душата од смрт. Ти ги запази моите нозе од паѓање за да одам пред Бога, во светлината на живите.

Селектирано:

ПСАЛМИ 56: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност