Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 54

54
Молитва на страдалец
1. Тага и молитва за помош
За началникот на пејачите. На жичани свирки. Давидова поука, кога дојдоа Зифеите и му рекоа на Саула: „Не ли се крие Давид кај нас.“
1Спаси ме, Боже, со Твоето име, и со Твојата сила извојувај ми правда! 2Послушај ја, Боже, мојата молитва, и сослушај ги зборовите на мојата уста! 3Зашто туѓинци станаа против мене и силниците го бараат мојот живот: го немаат Бога пред себеси.
2. Увереност во Божја милост и во избавување
4Ете, Бог ми помага, Господ го крепи мојот живот. 5Ја свртува несреќата врз моите непријатели, истреби ги со Твојата вистина.
6Радосно, од срце, ќе Ти принесам жртва, ќе Го фалам Твоето Име, Господи, зашто е благо; 7зашто Ти ме избави од секоја мака, и моето око ги виде засрамени моите непријатели.

Селектирано:

ПСАЛМИ 54: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се