Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 50

50
Божји суд. Вистинска и лажна побожност
1. Бог - праведен Судија
Асафов псалм.
1Бог над боговите, Господ, говори и ја вика земјата од изгрејсонце до зајдисонце. 2Од прекрасниот Сион Бог заблиста: 3нашиот Бог доаѓа и не молчи. Пред Него врви оган што проголтува, околу Него беснее силна бура. 4Тој ги повикува одозгоре небесата и земјата, за да му суди на Својот народ: 5Соберете ги Моите избраници кои со жртва склучија завет со Мене! 6Небесата ја објавуваат Неговата праведност: Тој е Бог Судија!
2. Бог суди намера, а не надворешна побожност
7„Слушај народе мој, Јас ќе зборувам, о Израеле, ќе сведочам против тебе: Јас, Бог - твојот Бог! 8Не те корам заради твоите жртви - твоите паленици се секогаш пред Мене. 9Не ќе земам јунец од твојот дом, ни јарци од твоите трла: 10зашто се Мои сите горски животни, илјади ѕверови по Моите ридишта. 11Ги знам сите горски птици, Мое е сѐ што се движи по полињата. 12Кога би огладнел не би ти рекол, зашто моја е земјата и сѐ што ја исполнува. 13Зар јас да јадам биковско месо, или да пијам јаречка крв? 14Принеси Му на Бога благодарна жртва, исполни ги своите завети на Сѐвишниот! 15И повикај ме во тежок ден: ќе те ослободам, а ти ќе Ме славиш.“
3. Изобличување на лицемерство
16А на грешникот Бог му проговара: „Зошто ги толкуваш моите наредби, зошто го ставаш Мојот завет во твојата уста? 17Ти, кому стегањето не му е пријатно, па моите зборови ги фрлаш зад плеќи? 18Кога ќе видиш крадец, се побратимуваш со него и се дружиш со прељубници. 19Својата уста му ја предаде на злото, а твојот јазик плете измами. 20Во друштво зборуваш против брата си и го клеветиш синот на својата мајка. 21Сѐ тоа го правеше, а Јас да молчам? Зар мислиш дека Јас Сум сличен на тебе? Ќе те изобличам и ќе ти го ставам сето тоа пред очи.
4. Заклучок
22Сфатете го ова сите вие, кои го заборавивте Бога, да не ве грабнам, и никој не ќе ве избави. 23Вистински Ме почитува оној што принесува благодарни жртви и на оној кој врви по прави патеки, нему ќе му го покажам Моето спасение.“

Селектирано:

ПСАЛМИ 50: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се