Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 35

35
Молитва за помош
1. Од гонители
Давидов псалм.
1Господи! Опкружи ги моите обвинители и војувај против оние, кои војуваат против мене! 2Стави оклоп, земи го Твојот штит и стани да ми помогнеш! 3Замавтај со копјето и пресретни ги моите гонители, Речи ѝ на мојата душа: „Јас сум твое спасение.“
4Нека се збунат и посрамат оние, кои ја бараат мојата душа, нека се повлечат и збунат оние, кои мислат зло! 5Нека бидат како плева на ветер, кога Господовиот ангел ќе ги спотера! 6Мрачни и лизгави нека им бидат патиштата, кога Господовиот ангел ќе ги гони! 7Зашто без причина ми оптегнаа мрежа; без причина ископаа гроб за мојата душа. 8Гибелта ќе ги стигне одненадеж, и сами ќе се фатат во мрежата што ја оптегнаа; ќе паднат во јамата што ја ископаа!
9А мојата душа ќе се весели во Господа, ќе се радува во Неговото спасение. 10Сите мои коски ќе речат: „Господи кој е како Тебе, Кој го спасуваш бедникот од силникот, бедникот и сиромашниот од ограбувачот?“ 11Неправедни сведоци станаа: ме прашуваат за она што не знам. 12Ми враќаат зло за добро, мојата душа запаѓа во осаменост. 13А јас носев вреќиште, кога тие беа болни ја измачував својата душа со пост, и молитвата ми се враќаше во пазувата. 14Обиколував тажен, како за пријател, за брат, од тага се наведнав, како оној што жали за мајката. 15А сега кога се сопнав јас, тие се радуваат, се собраа против мене, за да удрат одненадеж, и непрекратно ме растргнуваат. 16Со нечесните и потсмешливи безработници, чкртаат со забите на мене.
17О, Господи! До кога ќе гледаш? Избави ми ја душата од нивните напади, одземи им го на лавовите единственото мое добро! 18Ќе Ти благодарам во големо собрание, ќе Те славам меѓу многубројни луѓе.
2. Од мразители
19Нека не се радуваат над мене неправедните непријатели, нека не намигнуваат со очите оние, што ме мразат без причина. 20Зашто тие не мислат за мир, туку измислуваат сплетки против мирните во земјата. 21Широко ги отвораат устите против мене и зборуваат: „Добро, добро, видовме со свои очи!“
22Господи, Ти гледаш сѐ! Не премолчувај! Господи, не оддалечувај се од мене! 23Тргни се, стани да ме одбраниш, Боже мој, Господи, води ја мојата парница. 24Суди ме Господи, Боже мој, според Твојата правда, нека не се радуваат над мене. 25Нека не мислат во срцето: „Ни се исполни желбата!“ ниту да речат: „Го проголтавме!“ 26Нека се посрамат и засрамат сите заедно, кои се радуваат на мојата несреќа! Нека се облечат во срам и срамење, оние што се креваат против мене!
27Нека викаат радосно, кои ја посакуваат мојата правда, и нека зборуваат секогаш: „Господ е величествен! Кој му посакува благодат на Својот слуга! 28А мојот јазик ќе раскажува за Твојата правда и за Твојата фала, секој ден.

Селектирано:

ПСАЛМИ 35: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност