Боже мој, викам дење, но не одговараш; и ноќе но немам мир. Но Ти си Свет, Надеж Израелева! Нашите татковци се надеваа на Тебе, се надеваа и Ти ги избави; кон Тебе викаа и се спасуваа, на Тебе се надеваа и не се засрамија. А јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот. Сите што ме гледаат, ми се потсмеваат, ги растегат усните, мавтаат со главата и велат: „Тој се надева на Господа, нека го избави; нека го спаси, ако го милува!“
Прочитај ПСАЛМИ 22
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 22:2-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа