Господ ги поткрепува сите кои паѓаат и Тој ги исправа наведнатите. Очите на сите се свртени кон Тебе, Ти им даваш храна во право време. Ти ја отвораш Твојата рака, и наситуваш желбата на сѐ живо. Праведен Си, Господи, на сите Твои патишта, и добар Си во сите Твои дела. Господ е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено. Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од Него, ги слуша нивните повици и ги спасува. Господ ги пази оние, кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници. Нека мојата уста искажува фалба на Господа, и секое тело нека Го слави Неговото свето име, секогаш и довека.
Прочитај ПСАЛМИ 145
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 145:14-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа