Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 136

136
Слава на Господа за Неговата вечна милост
1. Поттик кон славење
1Благодарете Му на Господа, зашто е благ: Вечна е Неговата милост! 2Благодарете Му на Бога над боговите: Вечна е Неговата милост! 3Благодарете Му на Господарот над господарите: Вечна е Неговата милост!
2. Фала Му на Бога - Творец
4Единствено Тој прави големи чудеса: Вечна е Неговата милост! 5Тој ги создаде премудро небесата: Вечна е Неговата милост! 6Тој ја зацврсти земјата над водите: Вечна е Неговата милост! 7Тој ги направи големите светила: Вечна е Неговата милост! 8Сонцето да владее со денот: Вечна е Неговата милост! 9Месечината и ѕвездите да владеат со ноќта: Вечна е Неговата милост!
3. Фала Му на Бога - Избавител на Израел
10Тој ги погуби првородените во Египет: Вечна е Неговата милост! 11Го изведе Израел од среде него: Вечна е Неговата милост! 12Со силна рака со испружена мишка: Вечна е Неговата милост! Тој го раздвои Црвеното Море: Вечна е Неговата милост! 14Го преведе Израел низ неговата средина: Вечна е Неговата милост! 15И ги фрли: Фараонот и неговите војски во Црвеното Море: Вечна е Неговата милост! 16Тој го водеше Својот народ низ пустината: Вечна е Неговата милост! 17Тој ги удри големите цареви: Вечна е Неговата милост! 18И погуби големи цареви: Вечна е Неговата милост! 19Аморејскиот цар Сион: Вечна е Неговата милост! 20Васанскиот цар Ог: Вечна е Неговата милост! 21И нивната земја му ја даде во наследство! Вечна е Неговата милост! 22Во наследство на Израел, на Својот слуга: Вечна е Неговата милост!
4. Фала Му на Бога за Неговата непрекратна љубов
23Тој си спомна за нас, во нашето понижување: Вечна е Неговата милост! 24Нѐ ослободи од нашите непријатели: Вечна е Неговата милост! 25Тој му дава храна на секое тело: Вечна е Неговата милост!
5. Заклучна благодарност
26Славете Го небесниот Бог, зашто Неговата милост е довека!

Селектирано:

ПСАЛМИ 136: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се