Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 116

116
Благодарност кон Бога за избавување
1. Повик за Божјо избавување
1Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва. 2Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови. 3Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда. 4Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!“
5Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост. 6Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави. 7Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор. 8Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање. 9Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите. 10Јас верувам и кога велам: „Многу сум несреќен.“ 11Реков, во својата збунетост: „Секој човек е лажец!“
2. Решение да Му се дадат ветувањата на Господа
12Што да Му вратам на Господа, за сѐ што стори за мене? 13Ќе ја земам чашата на спасението и ќе Го повикам Господовото Име. 14Ќе ги исполнам на Господа сите мои завети, пред сиот Негов народ. 15Скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите свети. 16Господи, Твој слуга сум, Твој слуга, син на Твојата слугинка: Ти ги разврза моите окови. 17Ќе Ти принесам Тебе благодарни жртви, ќе Го повикам Господовото Име. 18Ќе ги исполнам на Господа сите свои завети, пред сиот Негов народ. 19Во дворовите на Господовиот Дом, среде тебе, Ерусалиме. Алилуја!

Селектирано:

ПСАЛМИ 116: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се