Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва. Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови. Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда. Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!“ Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост. Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави. Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор. Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање.
Прочитај ПСАЛМИ 116
Сподели
Спореди ги сите верзии: ПСАЛМИ 116:1-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа