Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 112

112
Блаженство и награда на верен
1Алилуја! Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кој ужива во Неговите заповеди; 2неговото потомство ќе биде силно на земјата, благослов ќе почива врз праведното поколение. 3Благосостојба и богатство ќе биде во неговиот дом, неговата правда ќе трае довека. 4На чесните им изгрева светлина во темнина: Тој е благ, милостив и праведен. 5Добро му е на човекот кој е милостив и дава на заем, кој ги свршува чесно своите работи. 6Никогаш нема да се поколеба, праведникот ќе биде во вечен спомен. 7Не ќе се плаши од лоши вести, мирно е неговото срце, надевајќи се на Господа. 8Неговото срце е храбро, од ништо не се бои, тој го гледа паѓањето на своите непријатели. 9Тој дели, изобилно им дава на бедните: неговата правда ќе трае довека, неговиот рог ќе се воздигне славно.
10Грешникот ќе го гледа тоа налутено, ќе чкрта со забите и ќе венее, ќе пропадне желбата на нечесните.

Селектирано:

ПСАЛМИ 112: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се