Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 101

101
Царева молитва за непорочност
1. Давидова желба за лична непорочност
Давидов псалм.
1Да запеам за добрината и правдата, да Ти засвирам, Тебе, Господи! 2Ќе размислувам за патот на совршенството: кога ќе дојдеш при мене? Ќе одам со невино срце во својот дом. 3Не ќе оставам, пред моите очи, ништо подмолно. Мразам човек кој прави зло: тој не ќе биде покрај мене. 4Развратно срце ќе биде далеку од мене; не сакам да знам за ништо нечесно. 5Кој го клевети скришно својот ближен, него ќе го погубам. Човек со горди очи и со надуено срце јас не трпам.
6Погледот го свртувам кон верните на земјата, за да живеат со мене. Кој оди по прав пат, тој ќе ми служи. 7Не ќе живее во мојот дом, кој постапува подмолно. Кој зборува лага, нема да остане пред моите очи. 8Секој ден ќе ги сотирам сите злосторници во земјата; ќе ги истребам од Господовиот Град, сите што прават беззаконие.

Селектирано:

ПСАЛМИ 101: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се