Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 3:13-26

ПОСЛОВИЦИ 3:13-26 MKB

Блазе му на човекот, што ја нашол мудроста и на човекот, кој го придобил разумот. Подобро е да се придобие таа отколку да се придобие сребро, и таа е поголема печалба и од златото. Поскапоцена е од бисерите, и колку и да се твоите скапоцености, не можат да се споредат со неа. Долгиот живот и е во десната рака, а во левата: богатство и чест. Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир. Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи. Господ ја основа земјата со мудрост и ги зацврсти небесата со умот; со Негово знаење се отворија бездните и облаците истурија роса. Сине мој, не губи го тоа од пред очите запази ги разумот и здравото расудување; и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат. Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува. Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко. Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите, зашто Господ ќе ти биде надеж и ќе ја чува твојата нога од стапица.