Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 28

28
Е. Неправеден и праведен
1Неправедните бегаат и кога никој не ги гони, а праведниците се смели како млад лав. 2Кога се греши во земјата, управителите ѝ се многу, а со разумен и умен човек управата е постојана. 3Бедниот човек, кој ги угнетува слабите, е пороен дожд, по кого нема леб. 4Отстапниците од Законот ги величаат нечесните, а кои го пазат Законот им се противат. 5Лошите луѓе не ја разбираат правдата, а кои Го бараат Господа, разбираат сѐ. 6Подобар е бедниот, кој живее непорочно, отколку богатиот, кој чекори по крив пат. 7Кој го пази Законот, е разумен син, а кој се дружи со ненаситниците го срамоти татка си. 8Кој го умножува своето богатство со заемодавство и придобивки, го собира за оној, кој е милостив кон сиромашните. 9Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена. 10Кој ги заведува чесните на лош пат, ќе падне во својата јама, а чесните ќе го наследат доброто. 11Богатиот човек се смета мудар за себеси, но разумниот сиромав ќе го разобличи. 12Голема слава е кога се радуваат праведниците, а кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат. 13Кој ги крие своите престапи нема успех, а кој ги исповеда и се одречува од нив, наоѓа милост. 14Блажен е човек, кој секогаш се бои, зашто човек со тврдо срце запаѓа во несреќа. 15Лав што рика и гладна мечка: таков е опакиот владетел за бедниот народ. 16Неразумниот управител прави многу насилства, а кој ја мрази лакомоста, живее долго. 17Човек кој е виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб: не застанувајте го. 18Кој живее праведно, се спасува, кој оди по криви патишта, пропаѓа на еден од нив. 19Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб, а кој трча по суетите, ќе се насити со сиромаштво. 20Чесниот човек изобилува со благослови, а кој брза по богатство, не останува без казна. 21Не чини да се биде пристрасен на суд, зашто и за залак леб човекот прави зло. 22Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста. 23Кој го изобличува човекот, после ќе најде поголема милост, отколку оној, кој ласка со својот јазик. 24Кој ги ограбува татка си и мајка си и вели: „Не е грев“, другар му е на разбојникот. 25Срцето на горделивецот зафаќа препирка, а кој се надева на Господа, ќе напредува. 26Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро. 27Кој му дава на бедниот, не трпи скудност; а кој ги одвраќа своите очи, ќе биде проклет. 28Кога се издигаат нечесните, луѓето се кријат, а кога пропаѓаат, тогаш се умножуваат праведниците.

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 28: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се