Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 2:1-11

ПОСЛОВИЦИ 2:1-11 MKB

Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе, и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот; да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста; ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште - тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот. Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно. Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети. Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат. Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа. Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ПОСЛОВИЦИ 2:1-11