Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 13:13-25

ПОСЛОВИЦИ 13:13-25 MKB

Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата. Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта. Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен. Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост. Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление. Сиромаштија и срам ќе дојде за оној, кој ја отфрла поуката, а кој го прима укорот ќе дојде до чест. Слатка и е на душата исполнетата желба, а на безумниците им е омразено да се отстрануваат од злото. Дружи се со мудрите, и ќе станеш мудар, а кој другарува со безумниците станува лош. Злото ги гони грешниците, а доброто е награда на праведните. Добриот човек го остава наследството на своите внуци, а богатството на грешникот се чува за праведникот. Изобилно храна има на нивата на сиромасите, а има и кој пропаѓа од неправеден суд. Кој ја штеди прачката, го мрази својот син, а кој го љуби, го казнува на време. Праведикот има јадење до ситка, а стомакот на нечесните ја познава скудноста.