Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 11:1-15

ПОСЛОВИЦИ 11:1-15 MKB

Лажната мерка гнасна е на Господа, а полната мерка му е угодна. Со гордоста доаѓа срамот, а мудроста е во смирените. Праведните ги води нивната невиност, а безбожниците ќе ги погуби нивното лукавство. Богатството не помага во денот на Божјиот гнев, а правдата избавува од смрт. На непорочниот правдата му го исправува неговиот пат, а нечесниот пропаѓа од својата нечесност. Справедливите ги избавува нивната правда, а беззакониците се фаќаат во својата злоба. Кога лошиот човек умре, надежта му пропаѓа, и надежта и очекувањето на грешникот се рушат. Праведникот се спасува од беда, а нечесниот доаѓа на неговото место. Лицемерот го убива, со устата, својот ближен, а праведниците се избавуваат со знаење. Градот се радува на успехот на праведниците и воскликнува заради пропаста на нечесниот. Со благословот на праведните градот се воздига, а со устата на нечесните се разурнува. Неразумникот го презира својот ближен, додека умниот човек молчи. Кој оди со клеветата, ја открива тајната, а човек со верен дух ја чува тајната. Каде нема раководство народот пропаѓа, а при многу советници, тој се избавува. Многу лошо поминува кој емчи за друг, а без страв е кој го мрази емството.