Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 10:17-32

ПОСЛОВИЦИ 10:17-32 MKB

Кој се придржува до поуките, е на патот на животот, а кој го отфрла укорот се заблудува. Лажливите усни ја кријат омразата, а кој шири клевети - безумен е! Изобилство зборови не бидува без грев, а кој го воздржува својот јазик, разумен е. Праведниковиот јазик е одбрано сребро, а срцето на нечесниот е безвредно. Усните на праведниот се храна на мнозина, а глупавите умираат од недостаток на разум. Господовиот благослов збогатува и не придодава никаква мака. За безумниот е радост да направи срамно дело, а за разумниот да биде мудар. Од што се плаши нечесниот, тоа ќе го најде, а желбата на праведниот се исполнува. Како виорот што поминува, така го снемува нечесниот, а праведникот има вечна основа. Какви се киселината за забите и димот за очите, таков е мрзливецот за оние што го праќаат. Стравот од Господа ги умножува деновите, а на нечесните им се скратуваат годините. Надежта на праведните е полна со радост, а надежта на нечесните пропаѓа. Господовиот пат е закрила на праведникот, а пропаст за оние што прават зло. Праведникот никогаш нема да се поколеба, а нечесните ќе ги снема од лицето на земјата. Од устата на праведникот блика мудрост, а лажливиот јазик ќе биде отсечен. Усните на праведникот знаат што е благопријатно, додека устата на нечесните што е злобата.