Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ФИЛИПЈАНИТЕ 4:1-13

ФИЛИПЈАНИТЕ 4:1-13 MKB

Затоа, браќа мои возљубени и сакани, радост моја и венец, стојте така цврсто во Господа, возљубени! Ја молам Еводија и ја молам Синтихија да бидат едномислени во Господа. Да, те молам и тебе, верен другар, помагај им, зашто заедно со мене се трудеа во проповедањето на Евангелието, и со Климент, и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот. Радувајте се секогаш во Господа! Пак велам: радувајте се! Вашата кротост да им биде позната на сите луѓе! Господ е близу. Не грижете се за ништо, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност искажувајте ги своите просби пред Бога! И Божјиот мир, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса. Впрочем, браќа, сѐ што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба - мислете на тоа! Она што го научивте, и примивте, и чувте, и видовте на мене - правете го тоа, и Бог на мирот ќе биде со вас! Се зарадував многу во Господа, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Вие и инаку се грижевте, но немавте прилика. Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен со она во што сум. Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство, научен сум на сѐ и во сешто: да бидам сит и да гладувам; да сум во изобилство и во скудност. Сѐ можам преку Христа, Кој ми дава сила.