Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ФИЛИПЈАНИТЕ 2:19-30

ФИЛИПЈАНИТЕ 2:19-30 MKB

Се надевам во Господа Исуса дека ќе ви го испратам скоро Тимотеј, та и јас да се утешам кога ќе научам како сте вие. Зашто немам никого, кој е со иста душа како него, кој толку искрено ќе се грижи за вас, зашто сите други го бараат своето, а не она што е на Христа Исуса. Вие ја знаете неговата докажана верност, дека - како дете на таткото - со мене служеше во ширењето на Евангелието. Така, се надевам дека ќе го испратам него, веднаш штом ќе разберам што ќе стане со мене. А се надевам во Господа дека и јас самиот скоро ќе дојдам. Сметав пак за потребно да ви го испратам Епафродит, својот брат и соработник и соборец - а ваш пратеник, кој ѝ служи на мојата потреба; зашто копнееше по сите вас и беше нажален зашто сте чуле дека бил болен. Навистина беше болен близу до смртта, но Бог му се смилува, и не само нему, туку и мене, за да не ми дојде жал врз жал. Затоа го испратив поскоро, да се зарадувате пак кога ќе го видите, и јас да бидам помалку нажален. И така, примете го во Господа со секаква радост и почитувајте ги таквите, зашто заради Христовото дело се најде близу до смртта, излагајќи го својот живот на опасност, за да го надомести, тоа што вие не можевте да ми услужите.