Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БРОЕВИ 36

36
Закони за бракови на наследнички на делови
1Тогаш пристапија семејните главатари од родот на синовите на Галад, синот Махиров, син Манасиев, од едниот род на Јосифовите синови, па пред Мојсеја и пред старешините, пред главатарите на семејствата, 2рекоа: „Господ му нареди на нашиот господар да ја даде, со жрепка, оваа земја во наследство на Израелевите синови; натаму, Господ му нареди на нашиот господар да им го даде наследството на нашиот брат Салпад на неговите ќерки. 3Но ако тие се омажат за некој од друго израелско племе, тогаш нивното наследство ќе биде оттргнато од нашето дедовско наследство и ќе биде приклучено кон наследството на племето на кое тие ќе му припаднат. Така ќе биде одземено наследството што со жрепка ни припадна нам. 4А кога ќе настапи јубилејната година на Израелевите синови, делот на тие жени ќе му се додаде на делот на племето на кое ќе му припаднат. Така нивното наследство ќе биде одземено од наследството на нашето прадедовско племе.“ 5И по Господова заповед Мојсеј им нареди на Израелците: „Племето на Јосифовите синови зборува право. 6Ова го наредува Господ за Салпадовите ќерки: Тие нека се мажат за оној, кој ќе им изгледа добар, само нека се мажат во родот на своето татковско племе. 7Наследството на Израелевите синови не смее да се пренесува од едно племе на друго; и секој Израелец треба да остане приврзан за прадедовското наследство на своето племе. 8Затоа секоја девојка, која ќе добие наследство во Израелевите племиња треба да се омажи за некој во племето на кое му припаѓа татковиот ѝ род, така што секој Израелец ќе го запази наследството на татка си. 9Така наследството нема да се пренесува од едно племе во друго, туку секое израелско племе ќе се прилепува до својот дел.“
10Како што Господ му нареди на Мојсеја, така и направија Салпадовите ќерки: 11Мала, Терса, Егла, Мелха и Нуа; ќерките Салпадови, се омажија за синовите на своите стриковци. 12Бидејќи се омажија во родот на потомството на Манасиј, Јосифовиот син, нивното наследство остана во племето на кое им припаѓаше татковиот им род.
13Тоа се заповедите и законите што Господ им ги даде, преку Мојсеја, на Израелевите синови, во Моавските Полиња покрај Јордан, спроти Ерихон.

Селектирано:

БРОЕВИ 36: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се