Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БРОЕВИ 12

12
Укорување на Маријам и Арона
1А Маријам и Арон почнаа да зборуваат против Мојсеја заради неговата жена Етиопка, за која се ожени, зашто беше зел за жена една Етиопка. 2„Зар Господ му зборува само на Мојсеја? - рекоа. - Зар не ни зборуваше и нам?“ Господ го чу тоа. 3Мојсеј беше мошне скромен човек, најскромен човек на земјата. 4И Господ им рече веднаш на Мојсеја, на Арона и на Маријам: „Вие тројцата јавете се во Шаторот на средбата.“ Тие тројца се јавија. 5Господ слезе во облачен столб и застана при влезот на Шаторот. Ги повика Арона и Маријам. Кога тие истапија напред, 6Господ рече: „Чујте ги Моите зборови: Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во видение, му говорам на сон. 7Но не е така со Мојот слуга Мојсеј. Од сите во Мојата куќа тој е најверен. 8Јас му зборувам нему уста во уста, јавно, а не со гатанки, и тој смее да го гледа Господовиот лик. Како тогаш не се плашевте да зборувате против Мојот слуга Мојсеја?“
Лепра на Маријам
9Откако пламна со гнев против нив, Господ си отиде. 10Штом облакот се оддалечи од Шаторот, ете, Маријам стана лепрозна, како потурена со снег. Арон се сврте кон Маријам, а лепрата беше на неа. 11Тогаш Арон му рече на Мојсеја: „Господару мој, не сметај ни за грев, зашто постапивме глупо и согрешивме. 12Не оставај таа да остане како мртво дете на кое, веќе при излегувањето од мајчината утроба, снагата му е напола уништена!“ 13Тогаш Мојсеј извика кон Господа: „Боже, Те молам, оздрави ја!“ 14„Ако нејзиниот татко ѝ плукнал во лицето - Господ му рече на Мојсеја - зар не ќе требаше да се срами седум денови? И таа нека биде одвоена надвор од логорот седум денови, па потоа нека биде прибрана пак.“ 15Така Маријам беше одвоена надвор од логорот седум денови. Народот не тргна на пат додека Маријам не се прибра пак. 16Потоа народот тргна од Асирот и се настани во Фаранската Пустина.

Селектирано:

БРОЕВИ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се