Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 7

7
В. Нов поредок во Ерусалим и број на повратници
1. Назначување вратари и стражари
1А кога ѕидот беше изграден и кога ги наместив вратните крила, беа поставени чувари при вратите, и пејачи и левити. 2Управата на Ерусалим им ја доверив на својот брат Ананиј, и на заповедникот на тврдината Ананиј, зашто овој беше човек на верност и се боеше од Бога повеќе од другите. 3Им реков: „Ерусалимските врати нека не се отвораат додека не огрее сонцето; а додека е тоа уште високо, нека ги затворат и нега ги префрлат лостовите. Треба да се постават стражи од ерусалимските жители: секого на неговото место, секого спроти неговата куќа.“ 4Градот беше широк и голем, но во него имаше малку жители, зашто немаше изградени куќи.
2. Родословен попис на повратници
5А мојот Бог ме вдахна, та ги собрав големците, главатарите и народот за да бидат внесени во родовниците. Тогаш го најдов родовникот на оние, кои се вратиле порано. Во него најдов запишано:
6Еве ги луѓето од покраината, кои дојдоа од заточение во кое ги беше одвел Навуходоносор, вавилонскиот цар. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град. 7Дојдоа со Зоровавел, со Исус, со Неемија, со Азариј, со Рамиј, со Наманиј со Мардохеј, со Вилсан, со Мисперет, со Вигвај, со Беум и со Ван. Број на луѓето на Израелевиот народ: 8Фаросови синови: две илјади сто и седумдесет и два; 9Сефатиови синови: триста седумдесет и два; 10Арахови синови: шест стотини педесет и два! 11Фат-Моавови синови: односно Исусови и Јоавови синови: две илјади осум стотини и осумнаесет; 12Еламови синови: илјада двеста педесет и четири; 13Затуеви синови: осум стотини четириесет и пет; 14Захаеви синови: седум стотини и шеесет; 15Винуеви синови: шест стотини четириесет и осум; 16Виваеви синови: шест стотини дваесет и осум; 17Азгадови синови: две илјади триста дваесет и два; 18Адоникаеви синови: шест стотини шеесет и седум; 19Вагуеви синови: две илјади шеесет и седум; 20Адинови синови: шест стотини педесет и пет; 21Атирови синови: односно од Езекија: девеесет и осум; 22Асумови синови: триста дваесет и осум; 23Висаеви синови: триста дваесет и четири; 24Арифови синови: сто и дванаесет; 25Гаваонови синови: девеесет и пет. 26Луѓе од Витлеем и од Нетофат: сто осумдесет и осум; 27луѓе од Анатот: сто дваесет и осум; 28луѓе од Вет-Асмавет: четириесет и два; 29луѓе од Киријат-Јарим, од Хефир и од Вирот: седум стотини четириесет и три; 30луѓе од Рама и од Гаваја: шест стотини дваесет и еден; 31луѓе од Михмас: сто дваесет и два; 32луѓе од Ветил и од Гај: сто дваесет и три; 33луѓе од Невон: педесет и два; 34синови на другиот Невон: илјада двеста педесет и четири; 35Харимови синови: триста дваесет; 36луѓе од Ерихон: триста четириесет и пет; 37луѓе од Лод, од Адид и од Онон: седум стотини дваесет и еден; 38Сенаеви синови: три илјади девет стотини и триесет.
39Свештеници: Једаеви синови, односно од куќата на Исуса: девет стотини седумдесет и три; 40Имровиеви синови: илјада педесет и два; 41Пасхорови синови: илјада двеста четириесет и седум; 42Харимови синови: илјада и седумнаесет.
43Левити: Исусови синови, односно Кадмилови и Одавиеви: седумдесет и четири. 44Пејачи: Асафови синови: сто четириесет и осум. 45Вратари: Салумови синови, Атирови синови, Талмонови синови, Акувови синови, Атитиеви синови, Соваеви синови: сто триесет и осум.
46Нетинци: Сишиниеви синови, Асуфиниеви синови, Таватови синови, 47Киросови синови, Сијаеви синови, Фаданови синови, 48Леваниеви синови, Агавиеви синови, Селмаеви синови, 49Ананови синови, Гидилови синови, Гарови синови, 50Реајини синови, Ресинови синови, Некодиневи синови, 51Газамови синови, Узиеви синови, Фаселови синови, 52Висаеви синови, Меунимови синови, Нафусесимови синови, 53Ваквукови синови, Акуфини синови, Арурови синови, 54Васлитови синови, Меидини синови, Арсини синови, 55Варкосови синови, Сисарини синови, Таминиеви синови, 56Несиеви синови, Атифини синови.
57Синови на Соломоновите слуги: Сотаеви синови, Соферетови синови, Феридиини синови. 58Јалини синови, Дарконови синови, Гадилови синови, 59Софатиини синови, Атилови синови, Фохерет- Севаини синови, Амонови синови.
60Вкупно Нетиици и синови на Соломоновите слуги триста деведесет и два. 61Следните луѓе, кои дојдоа од Тел Мелех, од Тел Арис, од Херув и од Адон и од Имир, не можеа да докажат дека нивните семејства и нивниот род се од Израелско потекло: 62Делаини синови, Товиини синови, Никодини синови: шест стотини четириесет и два. 63А од свештениците: Аваини синови, Акосови синови, синовите на Варзелај - оној кој се ожени со една од ќерките на Галадецот Варзелај па го зеде неговото име. 64Овие луѓе го бараа својот запис во родовниците, но не можеа да го најдат: беа исклучени од свештенството, 65и намесникот им забрани да јадат од светините сѐ додека не се појави свештеник на Урим и Тумим.
66Вкупно во собирот беа: четириесет и две илјади и триста шеесет личности, 67не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Беа уште и двеста четириесет и пет пејачи и пејачки, 68седум стотини и шест коњи, двеста четириесет и пет мазги, 69четири стотини триееет и пет камили и шест илјади и седум стотини и дваесет ослици.
70Одделни главатари на семејствата дадоа прилози за градбата. Заменикот вложи во ризницата илјада драхми злато, педесет врчви, триесет свештенички облеки. 71Некои од главатарите на семејствата дадоа во работната ризница дваесет илјади драхми злато и двеста мини сребро. 72А даровите од другиот народ беа: до дваесет илјади драхми злато, две илјади мини сребро и шеесет и седум свештенички облеки. 73Свештениците, левитите, вратарите, пејачите, Нетинците и сиот Израел се населија во својот дом. А кога наближи седмиот месец, Израелевите синови веќе беа во своите градови.

Селектирано:

НЕЕМИЈА 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се