Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 4:10-20

МАРКО 4:10-20 MKB

А кога остана Сам, Го прашаа за параболата оние, кои беа околу Него со Дванаесетмината. И им рече: „Вам ви е дадена тајната на Божјото Царство, а на оние кои се надвор, сѐ биднува во параболи, за ‘гледајќи да гледаат и да не видат; и слушајќи да слушаат, а да не разбираат, за да не се покајат и да не им биде простено’.“ И им рече: „Не ја разбирате ли оваа приказна? А како ќе ги разберете сите параболи! Сејачот сее слово. Оние, покрај патот, каде се сее словото, се оние кај кои - кога ќе го чујат - веднаш доаѓа сатаната и го грабнува словото, посеано во нив. Исто, посеани врз каменлива почва се оние, кои - штом го чујат словото - го примаат со радост, но немаат во себе корен, туку се непостојани, и кога ќе дојде неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнуваат. А другите, што се посеани во трње, тоа се оние, кои го чуле словото, но светските грижи, и измамливоста на богатството, и желбите за други работи, кога ќе влезат го загушуваат словото, и останува без плод. А посеаните на добра земја се оние, кои го слушаат словото, го примаат и донесуваат плод: еден триесет, и еден шеесет, и еден сто.