Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 15:1-47

МАРКО 15:1-47 MKB

И веднаш наутро, прво-свештениците, со стареши-ните и книжниците и целиот Синедрион, Го врзаа Исуса, Го одведоа и му Го предадоа на Пилата. И Пилат Го праша: „Ти ли си Јудејскиот Цар?“ А Тој му одговори и рече: „Ти велиш!“ Првосвештениците Го обвинуваа многу. Но Тој не одговори ништо. А Пилат пак Го праша: „Ништо ли не одговараш? Гледај, колку Те оптужуваат!“ Но Исус веќе ништо не одговори, така што Пилат се чудеше. А на секој празник им пушташе по еден затвореник, кого ќе го побараа. Беше во окови наре-чениот Варава, со своите собунтовници, кои во буната беа извршиле убиство. И народот извика гласно и почна да го бара она, што секогаш им го правел. А Пилат им одговори, велејќи: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ Зашто знаеше дека првосвештениците Го пре-дадоа од завист. Но прво-свештениците го наговорија народот: подобро да им го пушти Варава. А Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?“ Но тие извикаа повторно: „Распни Го!“ Пилат пак им рече: „Какво зло направил?“ Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!“ Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса, откако Го бичу-ваа, Го предаде да биде распнат. Војниците Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета. И Му облекоа пурпурна облека; сплетоа венец од трње и го положија на Него. И почнаа да Го поздравуваат: „Здра-во, Јудејски Царе!“ И Го удираа со трска по главата, Го плукаа и паѓајќи на колена Му се клањаа. А кога Му се наругаа, ја собле-коа од Него пурпурната наметка и Му ја облекоа Неговата облека, и Го поведоа да Го распнат. И натераа еден минувач, Симон Киринеец, кој се враќаше од полето, татко Александров и Руфов, да го носи Неговиот крст. И Го доведоа на местото Голгота, што значи Место На Черепи. И Му даваа вино со смирна, но Тој не прими. Потоа Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлај-ќи жрепка за нив - кој што да земе. А беше третиот час, кога Го распнаа. И беше напишан натпис, што ја означуваше Неговата вина: „Јудејски Цар.“ И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него. И се исполни Писмото кое вели: „И Го вброија меѓу злосторници.“ А минувачите Го хулеа, вртејќи со своите глави и велејќи: „Уа! Ти што го уриваш Храмот и го соѕидуваш за три дни, спаси Се Себеси и слези од крстот!“ Слично се ругаа првосвештениците, заедно со книжниците, говорејќи еден на друг: „Другите ги спаси, а Себе не може да се спаси! Христос - Израелевиот Цар! Нека слезе сега од крстот, да видиме и да поверуваме!“ Го навредуваа и оние, кои беа распнати со Него. А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час. А во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Или! Или! Лама Савахтани!“- што значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!“ Штом го чуја тоа, некои од оние, кои стоеја таму, рекоа: “Ете, го вика Илија!“ И еден отрча и накваси сунѓер во киселина, ја надена на трска и Му даде да пие, велејќи: „Оставете, да видиме дали ќе дојде Илија да Го симне!“ А Исус викна со силен глас и издивна. И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу. А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!“ А оддалеку гледаа и жени, меѓу кои беше Марија Магдалена, Марија мајка на Јаков малиот и на Јосија и Салома, кои одеа по Него, кога беше во Галилеја, и Му служеа, и многу други, кои дојдоа со Него во Ерусалим. А кога веќе се свечери, бидејќи беше подготвување, односно ден спроти сабота. Дојде Јосиф од Ариматеја, почитуван советник, кој и самиот го чекаше Божјото Царство, се осмели и влезе при Пилата и го побара Исусовото тело. А Пилат се зачуди дека веќе починал; и го повика стотникот и го праша дали починал одамна. А штом узна од стотникот, му го даде на Јосифа мртвото тело. Тој купи ленено платно, Го симна, Го завитка во платното и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа, и навали камен пред вратата на гробот. А Марија Магдалена и Марија Јосие-ва гледаа каде е положен.