И ги зеде со Себе: Петра, Јакова и Јована, се натажи, и почна длабоко да се вознемирува. И им рече: „Мојата душа е нажалена до смрт; останете тука и бдејте!“ И отиде малку подалеку, падна на земја и се молеше, - ако е можно - да Го одмине тој час, и велеше: „Ава, Татко! Сѐ е можно за Тебе. Отстрани ја од Мене оваа чаша! Но не како Јас што сакам, туку како Ти!“ И дојде и ги најде како спијат; и му рече на Петра: „Симоне, спиеш ли! Не можеше ли да бидеш буден еден час! Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо.“ И пак отиде и се помоли, изговарајќи ја истата молитва. Кога се врати, пак ги најде како спијат, зашто очите им беа натежнале и не знаеја што да му одговорат. И дојде по третпат и им рече: „Сѐ уште спиете и почи-вате!“ Доста е, часот дојде! Еве, Го предаваат Човечкиот Син во гре-шнички раце.
Прочитај МАРКО 14
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАРКО 14:33-41
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа