А во првиот ден на Бесквасните лебови, кога колеа за Пасха, Него-вите ученици Му рекоа: „Каде сакаш да отидеме и да приготвиме за да ја јадеш Пасхата?“ И испра-ти двајца од Своите ученици и им рече: „Отидете во град и ќе ве сретне човек, кој носи вода во врчва. Одете по него и каде ќе влезе, речете му на домаќинот: „Учителот праша: „Каде е Мојата соба, каде ќе ја јадам Пасхата со Моите ученици?“ И тој ќе ви покаже голема соба - горница, послана, приготвена; згответе ни таму!“ И Неговите ученици излегоа и отидоа во градот, и најдоа како што Тој им рече, па ја приготвија Пасхата.
А кога се свечери, дојде со Дванаесетмината. И кога беа прилегнати покрај трпезата и јадеа, Исус им рече: „Вистина ви велам, еден од вас - кој јаде со Мене - ќе Ме предаде.“ Тие се нажалија и почнаа да Му велат еден по еден: „Да не сум јас?“ А друг: „Дали јас?“ А Тој им рече: „Еден од Дванаесетмината, кој макнува со Мене во чинијата. Човечкиот Син си оди, како што е напишано за Него; но горко му на тој човек, преку кого Човеч-киот Син ќе биде предаден. Подобро би му било на тој човек, да не се родил.“
И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа. И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина. Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.“