Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАРКО 12

12
Лошите земјоделци (лозари)
1И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје; го загради со плет; ископа точилница; изгради кула, и им го даде под наем на земјоделците, и замина. 2А во време на плод, испрати слуга кај земјоделците, да прими од земјоделците дел од плодот на лозјето. 3Но тие го фатија, го претепаа и го пуштија со празни раце. 4И пак им испрати друг слуга; и нему каменувајќи го, го погодија по глава и го отпу-штија навреден. 5Испрати и друг, а него го убија; и мнозина други: едни претепаа, а други убија. 6Имаше уште еден: возљубениот син. Него го испрати последен при нив, велејќи: ‘Ќе го почитуваат мојот син!’ 7Но, земјоделците си рекоа меѓу себе: ‘Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше.’ 8И го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. 9И така, што ќе направи сега господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе го даде на други. 10Зар не сте ги прочитале овие зборови во Писмото: ‘Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот; 11тоа е од Господа и пре-красно е во нашите очи’!“ 12И бараа да Го фатат, но се плашеа од народот; зашто разбраа дека за нив ја кажа таа парабола. И Го оставија и си отидоа.
Плаќање данок
13Тогаш испратија некои од фарисеите и иродовците, за да Го фатат во збор. 14Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето, туку според вистината учиш за Божјиот пат. Дали е дозволено да се даде данок на царот или не е? Да даваме ли или да не даваме?“ 15А Тој, знаејќи го нивното лицемерие, им рече: „Зошто Ме искушувате? Донесете ми денариј да го видам!“ 16А тие Му донесоа. И им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Тие пак рекоа: „На царот.“ 17Исус им рече: „Дајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога.“ И Му се чудеа.
За воскресение на мртви
18И дојдоа при Него садукеите, кои велат дека нема воскресение, па Го прашаа, велејќи: 19“Учителе, Мој-сеј ни напиша: „Ако некому му умре брат и остави жена, а не остави потомок; неговиот брат да ја земе жена му и да му воздигне потомство на брата си.“ 20Беа седуммина браќа. Првиот ја зеде жената и умре, а не остави пото-мок. 21И вториот ја зеде и умре, а не остави потомок. И третиот исто така. 22И седуммината не оставија потомство. А по сите умре и жената. 23По воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив ќе му биде жена, зашто седуммината ја имаа за жена?“ 24Исус им рече: „Не се заблудувате ли, зашто не ги знаете ни Писмата, ниту Божјата сила? 25Зашто кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како небес-ните ангели. 26А за мртвите - дека ќе воскреснат, не читавте ли во Мојсеевата книга, при капината, како Бог му рече: ‘Јас Сум Бог Авраамов, и Бог Исаков и Бог Јаковов’? 27Тој не е Бог на мртви-те, туку на живите! Многу се измамувате!“
Најголема заповед
28И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е прва од сите заповеди?“ 29Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ, 30и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!“ 31А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!“ Друга заповед, поголема од овие, нема.“ 32И книжникот Му рече: „Добро, Учителе, кажа според вистината дека Бог е Еден, и нема друг освен Него, 33и да Го љубиш Него со сето срце, и со сиот разум, и со сета сила; и да го љубиш ближниот како себеси, тоа е многу повеќе од сите паленици и жртви.“ 34А Исус кога виде дека одговори разумно - му рече: „Не си далеку од Божјото Царство.“ И никој повеќе не се осмели да Го праша.
Месија - Давидов Син и Господ
35И проговори Исус и зборуваше, поучувајќи во Храмот: „Како збо-руваат книжниците дека Христос е Син Давидов? 36Самиот Давид рече преку Светиот Дух: „Му рече Господ на мојот Господ: „Седи од-десно Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.“ 37Самиот Давид Го наречува ‘Господ’ - како може тогаш да му биде син?“ И големо множество Го слушаше со задоволство.
38И во Својата поука, рече: „Чувај-те се од книжниците, кои сакаат: да одат во долги облеки; и поздрави по трговиштата; 39и први седишта во синагогите, и челни места на гозбите. 40Кои ги изедуваат домовите на вдовиците; и преправајќи се, се молат долго - тие ќе бидат судени построго!“
41И седна спроти ковчежето за прилози и гледаше како народот пушта пари во ковчежето; и мно-зина богати пуштаа многу. 42И дојде една бедна вдовица и пушти внатре две лепти, односно еден кодрант. 43Тогаш ги повика Сво-ите ученици и им рече: „Вистина ви велам, дека беднава вдовица даде повеќе од сите, кои пуштаа во ковчежето. 44Зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата немаштина - пушти сѐ што имаше: целиот свој имот.“

Селектирано:

МАРКО 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се