А утреден, кога излегоа од Витанија, Тој огладне. И одда-леку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви. Тогаш проговори и ѝ рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!“ А Неговите ученици слушаа. И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот. И ги поучу-ваше, велејќи им: „Не е ли напи-шано: ‘Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!“ А главните свештеници и книжниците го чуја тоа, и бараа како да Го погубат, зашто се боеја од Него; имено сиот народ беше восхитен од Неговата наука. А навечер излегуваше од градот. А наутро кога поминуваа, ја видоа смоквата исушена од корен. А Петар се сети и Му рече: „Учи-теле, погледај! Се исушила смоквата, што ја проколна!“ Исус одговори и им рече: “Имајте вера во Бога! Вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа гора: ‘Дигни се и фрли се во морето,’ а не се посомнева во своето срце, туку верува дека ќе биде она што го рече, тоа и ќе биде. Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека го при-мивте, и ќе ви биде. И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.
Прочитај МАРКО 11
Сподели
Спореди ги сите верзии: МАРКО 11:12-25
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа