Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МИХЕЈ 4

4
Б. Ветување за доаѓање на Царството на Месија
1. Закон и мир
1Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови. 2Сите народи ќе одат кон неа, многу племиња ќе дојдат и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, во Домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по Неговите патеки.“ Зашто Законот ќе излезе од Сион, Господовото слово од Ерусалим. 3Тој ќе управува со многу племиња и ќе им биде Судија на силните народи. Своите мечеви ќе ги исковаат во паличници, а своите копја во српови. Народ не ќе дига меч против народ, ниту веќе ќе се вежбаат за војна. 4Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши. Тоа го рече устата на Господ над Војските. 5Зашто сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека.
2. Победоносно Божјо Царство
6„Во оној ден - говори Господ - ќе ги соберам хромите, ќе ги приберам распрснатите и сите на кои што им нанесов беда. 7Од хромите ќе направам Остаток, силен народ од оние што се отфрлени. Тогаш Господ ќе владее над нив на гората Сион од сега и довека. 8И ти Стражарнице на стадата, Тврдино на Сионската Ќерка, пак ќе ти се врати тебе поранешната власт, царството на Ерусалимската Ќерка.“
3. Опсада, пленство и ослободување на Сион
9Зошто сега викаш со силен глас? Нема ли цар во тебе? Зар пропаднаа твоите советници да те опфаќаат болките како родилка? 10Виткај се од болка и пискај, Сионска Ќерко, како жена што раѓа, зашто сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето. Ти ќе отидеш до Вавилон, таму ќе се ослободиш, таму ќе те откупи Господ од рацете на твоите непријатели. 11А сега многу народи се собраа против тебе. Тие зборуваат: „Нека се обесчести, нашите очи нека се наситат со Сион!“ 12Но Господовите мисли тие не ги знаат и не ги разбираат Неговите намери; Тој ги собра како снопје на гумно. 13„Стани! Оврши го житото, Сионска Ќерко, зашто ти правам железен рог и бронзени копита, и ќе сотреш многу народи; ќе му го заветуваш на Господ нивното благо и нивното богатство на Господарот на сета земја.“

Селектирано:

МИХЕЈ 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се