Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 8:1-17

МАТЕЈ 8:1-17 MKB

А кога слезе од гората, големо мноштво Го следеше. И ете, еден лепрозен Му пристапи и падна пред Него ничкум, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ Тогаш Исус ја испружи својата рака и го допре, велејќи: „Сакам! Биди очистен!“ И веднаш се очисти неговата лепра. И Исус му рече: „Гледај, никому да не му кажеш, туку оди, покажи му се на свештеникот и принеси го дарот, што го заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.“ А кога влезе Исус во Капернаум, Му пристапи еден стотник и Го молеше, велејќи: “Господи, мојот слуга лежи фатен дома и многу се мачи.“ Исус му рече: „Јас ќе дојдам и ќе го исцелам.“ А стотникот во одговор му рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; туку кажи само збор и мојот слуга ќе биде исцелен. Зашто исто и јас сум подвластен човек, и имам војници под себе; му кажувам на едниот: ‘Оди!’ и тој оди; и на другиот: ‘Дојди!’ - и доаѓа; а на својот слуга: ‘Направи го тоа!’ - и тој прави. А кога Исус го чу тоа се зачуди и им рече на оние, кои Го следеа: „Вистина ви велам, во никого во Израел не најдов толкава вера. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од исток и од запад, и ќе седнат со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно; а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајна темнина, каде ќе биде плач и чкртање на заби.“ И Исус му рече на стотникот: „Оди си, нека ти биде, како што си верувал.“ И неговиот слуга оздраве во истиот час. И кога Исус дојде во Петровиот дом, ја виде неговата тешта како лежи болна од треска. Ја допре раката нејзина, и треската ја оста-ви, и таа стана и им служеше. А кога настапи вечер, Му доведоа многу опфатени од демони. Тој со збор ги истера духовите и ги исцели сите болни. За да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите слабости и ги понесе нашите болести.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАТЕЈ 8:1-17