Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 26:36-56

МАТЕЈ 26:36-56 MKB

Тогаш Исус дојде со нив на местото, кое се вика Гетсеманија, и им рече на учениците: „Седете тука додека Јас отидам онаму да се помолам.“ И ги поведе со себе Петра и двајцата Зеведееви синови и почна да тагува и да се вознемирува. Тогаш им рече: „Мојата душа е длабоко натажена до смрт; останете тука и бдејте со Мене!“ И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!“ И дојде при учениците, и ги најде како што спијат, и му рече на Петра: „Така! Не можевте ли да пробдеете со Мене еден час? Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо!“ Пак, повторно отиде и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако не е можно да Ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, нека биде Твојата волја.“ И кога дојде пак ги најде како што спијат, зашто очите им беа натежнале. И пак ги остави и отиде да се помоли, по третпат, и ги изговори истите зборови. Тогаш дојде при учениците и им рече: „Само спијте и почивајте. Еве, наближи часот кога Чове-чкиот Син ќе биде предаден во рацете на грешниците. Станете, да одиме! Ете, наближи Мојот предавник.“ И додека Тој уште зборуваше, ете, Јуда, еден од Дванаесетмината, дојде со големо множество, со ножеви и стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини. А Него-виот предавник им беше дал знак, велејќи: „Кого ќе Го целивам јас - Тој е, фатете Го!“ И веднаш се приближи до Исуса и Го целива. А Исус му рече: „Пријателе, зошто дојде?“ Тогаш пристапија, положија раце на Исуса и Го фатија. И ете, еден од оние, кои беа со Исуса, извади нож и го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото. Тогаш Исус му рече: „Врати го твојот нож на неговото место; зашто сите, кои се фаќаат за нож - од нож ќе загинат. Или мислиш дека не можам да Го помолам Мојот Татко, и ќе Ми испрати веднаш повеќе од дванаесет легии ангели? Но, како би се исполниле Писмата, дека така треба да биде?“ Во оној час, Исус му рече на народот: „Излеговте како на разбојник, со ножеви и стапови, за да Ме фатите. Секој ден седев во Храмот и поучував и не Ме фативте. А ова сѐ се збидна, за да се исполнат пророчките Писма.“ Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со МАТЕЈ 26:36-56