Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 25:1-13

МАТЕЈ 25:1-13 MKB

„Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младо-женецот. Петте од нив беа нераз-умни, а петте мудри. Зашто нераз-умните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло; а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите све-тилници. Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа. А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’ Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки. А неразумните им ре-коа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите све-тилници ни гаснат.’ Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’ Кога отидоа да купат, младо-женецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори. А потоа дојдоа и дру-гите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’ Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’ И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!“