Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 20:1-12

МАТЕЈ 20:1-12 MKB

Зашто небесното царство прилега на човек домаќин, кој излезе рано наутро да наеме работници за своето лозје. И кога се погоди со трудбениците по денариј на ден, ги испрати во своето лозје. И кога излезе пак околу третиот час виде други како стојат, на трговиштето, без работа, и им рече: „Одете и вие во моето лозје, па ќе ви дадам што ќе биде право!“ И тие отидоа. А кога излезе пак околу шестиот и деветтиот час го направи истото. А околу единаесеттиот час пак излезе и најде други, како стојат, и им рече: „Зошто стоите тука цел ден без работа?“ Му рекоа: „Никој не нѐ наеми.“ Тој им рече: „Отидете и вие во моето лозје.“ А кога се свечери, господарот на лозјето му рече на својот управител: „Повикај ги трудбениците и плати им, почнувајќи од последните па до првите!“ И така, дојдените околу единаесеттиот час примија по денариј. Кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе, но и тие примија по денариј. Штом го примија, негодуваа против домаќинот, велејќи: „Послед-ниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, кои ги претрпевме тегобата на денот и жегата.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност