А кога си отидоа тие, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон и му рече: „Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.“ И тој стана, Го зеде Детето и Неговата мајка, ноќе, и отиде во Египет; и таму беше до Иродо-вата смрт; за да се исполни реченото од Господа преку пророкот кој вели: „Од Египет Го повикав Својот Син.“
Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се раз-гневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците. Тогаш се исполни реченото од пророкот Еремија кога рече: “Глас се чу во Рама, плач и ридање големо; Рахил ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема.“
А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон, во Египет, и му рече: „Стани, земи Го Детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето.“