Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 2:13-20

Матеј 2:13-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, ве­лејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го по­губи.“ И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет. И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.“ Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите машки но­во­роденчиња во Витлеем и по целата не­гова околина од двегодишна возраст и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците. Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори: „Глас се слуша во Рама, плач и ри­дање, и пискот голем: Рахила ги оп­ла­кува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“ А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и врати се во земјата израелска, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“

Матеј 2:13-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

По заминувањето на мудреците, на Јосиф му се јави насон ангел Господов и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и бегај во Египет; остани таму додека не ти се јавам, зашто Ирод ќе го бара Детето за да Го убие.“ Тогаш Јосиф стана, ги зеде Детето и мајка Му Марија и ноќта заминаа за Египет. И останаа таму си до смртта на Ирод. Со ова се исполнуваше претскажаното од Бог преку пророкот Осија: „Од Египет го повикав Мојот Син.“ Ирод збесна кога сфати дека мудреците го надитрија и нареди во Витлеем и во неговата околина да бидат убиени сите машки деца до двегодишна возраст согласно со времето што го беше дознал од мудреците. Со ова се исполнуваше претскажаното од пророкот Еремија: „Пискотници се слушаат во Рама, плач и тажни лелеци; Рахела плаче по своите деца и не сака да се утеши, зашто нив повеќе ги нема.“ По смртта на Ирод, на Јосиф, кој беше во Египет, му се јави насон ангел Господов и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и врати се во израелската земја, зашто изумреа тие што сакаа да Му го одземат животот на Детето.“

Матеј 2:13-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А кога си отидоа тие, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон и му рече: „Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.“ И тој стана, Го зеде Детето и Неговата мајка, ноќе, и отиде во Египет; и таму беше до Иродо-вата смрт; за да се исполни реченото од Господа преку пророкот кој вели: „Од Египет Го повикав Својот Син.“ Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се раз-гневи многу, па испрати да бидат погубени, во Витлеем и во целата негова околина, сите машки деца од две години и помали, според времето што го дозна точно од мудреците. Тогаш се исполни реченото од пророкот Еремија кога рече: “Глас се чу во Рама, плач и ридање големо; Рахил ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема.“ А кога умре Ирод, ете, Господов ангел му се јави на Јосифа во сон, во Египет, и му рече: „Стани, земи Го Детето и Неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на Детето.“