Лого на YouVersion
Икона за пребарување

МАТЕЈ 19:23-30

МАТЕЈ 19:23-30 MKB

А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам: богат мачно ќе влезе во небесното царство!“ И пак ви велам: „Полесно ѝ е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.“ Кога учени-ците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?“ Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сѐ е возможно.“ Тогаш Петар одговори и Му рече: „Еве, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе; и така, ние што ќе имаме?“ А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие - кои тргнавте по Мене, во преродбата - кога Човечкиот Син ќе седне на престолот на Својата слава, и сами ќе седнете на дванаесет престоли и ќе им судите на дванаесетте Израелеви племиња. И секој, кој заради Моето име ќе остави: куќа, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, ќе прими стократно и ќе наследи вечен живот. Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“