А настана и препирка меѓу нив за тоа кој е од нив поголем. А Тој им рече: „Царевите на народите владеат над нив, а оние, кои управуваат над нив се викаат добротвори. А вие, немојте така! Но, поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот, а старешината како служителот. Зашто, кој е поголем - оној, кој прилегнал по-крај трпезата или оној, кој слугува? Зар не е оној, кој прилегнал покрај трпезата? А Јас Сум меѓу вас како служител. Вие сте оние, кои истрајувате со Мене во Моите искушенија. И Јас ви го определувам Царството, како што Мојот Татко Ми го определи Мене, за да јадете и да пиете на Мојата трпеза, во Моето Царство, и да седите на престоли и да им судите на дванаесетте Израелеви племиња.“
“И рече Господ: Симоне, Симоне, ете, сатаната побара да ве просее како пченица, но Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. 33 А ти, кога еднаш ќе се обратиш, зацврсти ги своите браќа!“ А тој Му одговори: „Гос-поди, готов сум да одам со Тебе и во темница и во смрт.“ А Тој рече: „Ти велам, Петре, денес не ќе пропее петел, додека трипати не се одречеш дека Ме познаваш!“ Уште им рече: „Кога ве пратив без ќесе и без торба и обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ А тие рекоа: „Ништо!“ И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека го земе; исто така и торба; а кој нема нека ја продаде својата наметка и нека си купи меч; зашто ви велам, дека треба да се изврши на Мене што е напишано: „И Го вброија меѓу злочинци!“ Имено, она што е пишано за Мене - се исполнува.“ А тие Му рекоа: „Господи, еве тука има два меча!“ А Тој им рече: „Доста е!“