И кога одеше за Ерусалим, поминуваше меѓу Самарија и Галилеја. И кога влегуваше во едно село, го сретнаа десет лепрозни мажи, кои застанаа пода-леку и го поткренаа гласот, велејќи: „Исусе, Учителе, смилувај ни се!“ А кога ги виде, им рече: „Одете и покажете им се на свеш-тениците!“ И се очистија додека одеа. А еден од нив, кога виде дека оздравел, се врати славејќи Го Бога гласно. И падна на лице при Неговите нозе и Му благодари. А тој беше Самарјанец. Тогаш Исус одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се уште деветте? Не најдоа ли да се вратат и да Му благодарат на Бога, освен овој туѓинец!“ И му рече: „Стани и оди си, твојата вера те спаси!“
Прочитај ЛУКА 17
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЛУКА 17:11-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност
Дома
Библија
Планови
Видеа