Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛЕВИТ 18

18
Закони за полови односи
1Господ му рече на Мојсеја: 2„Зборувај им на Израелевите синови и речи им: ‘Јас Сум Господ, ваш Бог. 3Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи! 4Исполнувајте ги Моите закони; исполнувајте ги Моите заповеди; одете според нив. Јас Сум Господ, ваш Бог. 5Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’
Забрана за родоонечистување
6‘Никој од вас нека не ѝ се доближува на крвна роднина, за да ја открие нејзината голота. Јас Сум Господ! 7Не откривај ја голотата на татка ти ни голотата на мајка ти. Мајка ти е, не ја откривај нејзината голота. 8Не ја откривај голотата на жената на татка ти; тоа е голота на твојот татко! 9Не ја откривај голотата на сестра си - на ќерката на татка ти или на ќерката на мајка ти - било да е родена во куќата или надвор од неа! 10Не ја откривај срамотата на ќерката на твојот син, ниту на ќерката на твојата ќерка! Па нивната срамота е твоја сопствена срамота. 11Не откривај ја голотата на ќерката на жената на татка ти! Зашто, родена од татка ти, таа ти е сестра. 12Не откривај ја голотата на сестрата на твојот татко! Па таа е крв на татка ти. 13Не откривај ја ни срамотата на сестрата на мајка ти! Па и таа е крв на твојата мајка! 14Не откривај ја срамотата на татковиот брат! И не приближувај ѝ се на неговата жена; таа е твоја стрина. 15Не откривај ја голотата на твојата снаа! Таа е жена на сина ти. Не ја откривај нејзината голота. 16Не ја откривај голотата на жената на твојот брат! Тоа е голота на брата ти. 17Не ја откривај голотата на некоја жена и на нејзината ќерка! Не жени се со ќерката на нејзиниот син, ниту со ќерката на нејзината ќерка, за да им ја откриеш голотата; тие ѝ се еднокрвни; тоа е беззаконие. 18Не земај за себе некоја жена заедно со сестра ѝ, за да ѝ ја направиш соперничка; за да ѝ ја откриеш преку неа, голотата, додека оваа е жива.’
Забрана на други телесни гревови
19‘Не приближувај ѝ се на жена кога е во нечистотата на својот месечен ред, за да ѝ ја откриеш голотата! 20Не легнувај со жената на твојот ближен; ќе се онечистиш со неа. 21Не дозволувај некое твое дете да му биде жртвувано на Молоха; не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас Сум Господ! 22Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно. 23Да не си легнал ниту со некое животно, ќе се онечистиш од него. И жената не смее да застане пред животно, за да се спари со него. Тоа е гнасно и бесрамно.’
24‘Не се онечистувајте со ништо од тоа! Со сѐ тоа се онечистуваат народите, што Јас ги гонам пред вас. 25И земјата стана нечиста. Затоа ќе ја казнам за нејзините гревови, па земјата ќе ги изблува своите жители. 26Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас. 27Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена; 28за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас. 29Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ. 30Затоа пазете ги Моите повелби, за да не постапувате според гнасните обичаи, според кои постапуваа пред вас, и за да не се онечистите со нив. Јас Сум Господ, ваш Бог!’“

Селектирано:

ЛЕВИТ 18: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се