Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЛЕВИТ 1

1
Закон за паленица
1Господ го повика Мојсеја и му рече од Шаторот на средбата: 2„Говори им на Израелевите синови и кажи им: ‘Кога некој од вас сака да Му принесе на Господа жртва од добитокот, нека ја принесе или од крупниот или од ситниот добиток. 3Ако неговиот принос за жртвата паленица биде од крупниот добиток, нека принесе машко без недостаток. Нека го доведе кон влезот на Шаторот на средбата, за да биде примен пред Господа. 4Нека ја стави својата рака на главата на жртвата паленица, за да му биде примена и со тоа да му се покрие вината. 5Потоа нека заколе јунец пред Господа. А Ароновите синови, свештениците, нека ја принесат крвта. Нека ги прскаат со неа сите страни на жртвеникот што стои пред влезот на Шаторот на средбата. 6Потоа нека ја одерат жртвата и нека ја насечат на делови. 7Ароновите синови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот и нека стават дрва во огнот. 8Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги наредат деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот. 9Внатрешноста и нозете нека бидат измиени со вода, и свештеникот нека изгори сѐ на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
10‘Ако некој сака да принесе жртва паленица од ситниот добиток - од овците или од козите - нека принесе машко без недостаток. 11Нека го заколе пред Господа, на северната страна на жртвеникот. А Ароновите синови, свештениците, нека го испрскаат со крв жртвеникот од сите страни. 12Потоа нека ја насечат на делови, а свештеникот нека ги нареди деловите, со главата и со салото, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот. 13Внатрешноста и нозете нека бидат измиени во вода. Тогаш свештеникот нека принесе сѐ и нека го изгори на жртвеникот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
14‘Ако сака да Му принесе на Господа птици како паленица, тогаш нека принесе грлица или гулапче. 15Свештеникот нека ја принесе кон жртвеникот и, откако ќе ѝ го свитка вратот, нека ја скине главата и ја изгори на жртвеникот, а крвта нека ја исцеди отстрана на жртвеникот. 16Нека ѝ ги отстрани вратот и перјата и нека ги фрли на источната страна на жртвеникот, во местото за пепелта. 17Нека ја расече во должина на двете крила, но нека не ги одделува: и свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот: тоа е паленица, жртва палена на Господа за пријатен мирис.’

Селектирано:

ЛЕВИТ 1: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се