Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 15

15
3. Дел на Јудиното племе
а. Граници на Јудиното племе
1Делот што му припадна на племето на Јудините синови, според нивните семејства, беше кон едомската граница, на југ до Цинската пустина, на крајниот југ. 2А нивната јужна меѓа одеше од крајот на Соленото Море, од заливот што е на југ; 3тогаш излегуваше јужно од Акравимското Нагорниште, се тегнеше преку Цин и се искачуваше јужно од Кадис Варни, преминуваше преку Есрон, се качуваше кон Адар и оттаму свртуваше кон Карк; 4потоа преминуваше преку Аселмон и допираше до Египетскиот Поток и најпосле излегуваше на море. Тоа ви е јужната меѓа. 5Меѓата кон исток беше: Соленото Море до крајот на Јордан. Северната меѓа почнуваше од Соленото Море, кај заливот на Јордан. 6Оттаму меѓата се искачуваше во Ветагла, минуваше северно од Вет-Арава, одеше горе на Каменот Воана, на Рувимовиот син. 7Потоа меѓата се креваше од Ахорската долина кон Давира, вртеше на север кон Галгал, што лежи спроти Адумимското Нагорниште, јужно од потокот; меѓата поминуваше натаму кон водите на Ен-Семес па излегуваше кај Ен-Рогел. 8Оттаму преку долината Бен-Еном се креваше од југ кон Евуската Стрмина, односно кон Ерусалим. Потоа се искачуваше на врвот на гората, што на запад гледа кон Еном и лежи на северниот крај на долината Рафаим. 9Од врвот на таа гора меѓата завртуваше кон изворот Нефтој па излегуваше спроти градовите на гората Ефрон, потоа да сврти кон Вал, потоа кон Киријат-Јарим. 10Од Вал меѓата завиваше на задад кон гората Сир и тогаш, поминувајќи северно од гората Јарим, односно Хасалон, се спушташе во Вет-Семес па одеше кон Тамна. 11Натаму меѓата продолжуваше кон северната стрмина на Акарон, завртуваше кон Сикрон, ги поминуваше висовите на Вал, се тегнеше до Јавнил, за да излезе конечно на море. 12Западната меѓа е Големото Море со брегот. Тоа беа земјите на Јудините синови, наоколу, според нивните семејства.
б. Дел на Халев
13Халев, Ефониевиот син, прими дел меѓу Јудините синови, како што Господ му нареди на Исуса. Му ја даде Киријат-Арва, главниот град на Енаковите синови - Хеврон. 14Халев истера оттаму три Енакови синови: Сесај, Ахиман и Талмај, Енакови потомци. 15Оттаму тргна против жителите на Девир, што некогаш се викаше Киријат-Сефер. 16Тогаш Халев рече: „Кој ќе го покори и ќе го заземе Киријат-Сефер, ќе му ја дам својата ќерка Ахса за жена.“ 17Го зазеде Готонил, синот на Кенеза, брат Халевов; и Халев му ја даде својата ќерка Ахса за жена. 18Кога дојде кај мажот, тој ја наговори да побара имот од татка си. Таа слезе од ослето, а Халев ја праша: „Што сакаш?“ 19Таа одговори: „Дај ми благослов! Кога ми го даде Негев, дај ми и некои водни извори.“ И тој ѝ ги даде Горните и Долните извори.
в. Градови на племето на Јудините синови
20Тоа беше наследството на племето на Јудините синови според нивните семејства. 21Градови меѓници на племето на Јудините синови, вдолж на едомската меѓа беа: Кавсеил, Едер, Јагур; 22Кина, Димона, Адада; 23Кадес, Асор, Итнан; 24Зиф, Телем, Валот; 25Нов Асор, Киријат-Есрон (односно Асор); 26Амам, Сама, Молада; 27Асар-Гада, Есемон, Вет-Фалет; 28Асар-Суал, Вир-Савеа, Визиотија; 29Вала, Им, Асем; 30Елтолад, Хесил, Орма; 31Сиклаг, Мадмана, Сансана; 32Леваот, Силеим, Аин и Римон: вкупно дваесет и девет градови со своите села.
33Во долината: Естаол, Сараја, Асна; 34Заној, Ен Ганим, Тафуј, Инам; 35Јармут, Одолам, Сохо, Азика; 36Сагарим, Адитаим, Гедира, Гедиротаим: четиринаесет градови со своите села. 37Сенан, Адаса, Мигдал-Гад; 38Дилан, Миспа, Јоктеил; 39Лахис, Васкат, Еглон; 40Хавон, Ламас, Хитлис; 41Гедирот, Вет-Дагон, Нама, Макида: шеснаесет градови со своите села. 42Ливна, Етер, Асан; 43Јефта, Асна, Несив; 44Кеила, Ахзив и Мариса: девет градови со своите села. 45Акарон со населбите и со своите села; 46од Акарон па до морето, сѐ што се наоѓа покрај Азот, со своите села; 47Азот со населбите и со своите села; Газа со населбите и со своите села до Египетскиот Поток и до Големото Море, кое е меѓа. 48А во Гората: Самир, Јатир, Сохо; 49Дана, Киријат Сана (тоа е Давир); 50Анав, Естемон, Аним; 51Госен, Олон, Гилон: единаесет градови со своите села. 52Арав, Дума, Есан; 53Јанум, Вет-Тафуј, Афека, 54Хумата, Киријат-Арва (односно Хеврон), Сиор: девет градови со своите села. 55Маон, Кармел, Зиф, Јута; 56Језраел, Јокдеам, Заноја; 57Акаин, Гаваја, Тамна: десет градови со своите села. 58Алул, Вет-Сур, Гедор; 59Марат, Вет-Анот, Елтекон: шест градови со своите села. 60Киријат-Вал (односно Киријат Јарим) и Рава: два града со своите села. 61Во пустината: Вет-Арава, Мидин, Сехах; 62Нивсан, Солениот Град и Ен-Гади; шест градови со своите села. 63А Евусејците, кои живееја во Ерусалим, Јудејците не можеа да ги истераат. Така останаа со Јудините синови во Ерусалим, сѐ до денес.

Селектирано:

ИСУС НАВИН 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се