Господовото слово му дојде на Јона, синот Аматиев и му рече: „Стани, оди во Нинивија, град голем, и викај против него, зашто нивното зло се воздигна пред Моето лице.“ А Јона стана за да побегне во Тарсис, од Господовото присуство. Слезе во Јафа и најде брод што пловеше во Тарсис. Го плати возењето и слегна во него за да отплови со нив во Тарсис, далеку од Господовото присуство. Но Господ фрли голем ветар на морето, и стана голема бура во морето, та мислеа дека бродот ќе се разбие. Морнарите се исплашија; секој го повика својот бог, и за да го олеснат, го фрлаа во морето товарот што беше во бродот. Јона пак беше слегол на дното на бродот, легнал и заспал со цврст сон. Заповедникот на бродот му пристапи и рече: „Што е со тебе, спанко? Стани и повикувај Го својот Бог! Можеби Тој Бог ќе си спомне за нас за да не загинеме.“
Прочитај ЈОНА 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: ЈОНА 1:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа