Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 22

22
Г. Трета низа беседи
1. Трета Елифазова беседа
1Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече: 2„Зар човек може да Му биде полезен на Бога? Па кој е мудар, може да биде полезен на себеси. 3Зар е милост за Семоќниот ако си праведен, и зар има полза ако си непорочен? 4Или те кара заради твојата побожност и затоа сака да се суди со тебе? 5Не е ли тоа заради твојата преголема злоба и заради беззаконијата, на кои не им има број?
б. Преглед на Јовови гревови
6Земаше залози од браќата за ништо, соблекуваше облеки од голи луѓе. 7Ти не го напои со вода жедниот, им го скратуваше лебот на гладните; 8на силниот човек ти му даваше земја, и угледниот се насели на неа. 9Ти ги пушташе вдовиците без ништо а сирачињата ги оставаше со празни раце. 10Ете, зашто те обиколуваат сега стапиците, зашто те измачуваат ненадејни стравови. 11Светлината ти стана мрак, и ништо не гледаш, длабоки води те потопија тебе. 12Зар Бог не е во небесната висина и зар Тој не им го гледа темето на ѕвездите? 13Но ти велиш: „Што може Бог да знае? Зар може да суди низ темен облак? 14Облаците го засолнуваат неговиот поглед, и Тој оди по сводот на небесниот круг.“
в. Елифаз го поттикнува Јова кон покајание
15Имаш ли намера да се држиш до стариот пат, по кој одеа неправедните луѓе? 16Тие исчезнаа пред време, пороите им ги однесоа основите. 17Му зборуваа на Бога: „Остави нѐ нас! што може Сѐдржителот да ни стори?“ 18А Тој им го полнеше домот со блага, но советот на нечесните да биде далеку од мене. 19Праведниците гледаат и се радуваат непорочните им се потсмевнуваат: 20„Ете, пропаднаа нашите противници, она што остана од нив, огнот им го проголта!“
г. Елифаз го повикува Јова кон обратување
21Спријатели се ти и смири се со Бога, и пак ќе ти биде вратено доброто. 22Впрочем, прифати го законот од Неговата уста, посади го Неговото слово во своето срце. 23Ако се вратиш покаен кон Семоќниот, ќе бидеш утврден наново; и ако ја отстраниш неправдата од својот шатор. 24Тогаш ќе го отфрлиш златото во прав и офирското злато меѓу поточните камчиња. 25Семоќниот ќе стане твое чисто злато, Тој ќе биде светливо сребро за тебе. 26Да, Сѐдржителот ќе биде твоја радост, и ќе го издигаш лицето кон Бога. 27Ќе Му се молиш, и ќе те послуша, ќе ги исполниш своите ветувања. 28Што и да преземеш, сѐ ќе ти успее, и светлина ќе ги осветлува твоите патишта. 29Зашто, Тој ја понижува гордоста на гордите, додека им притекнува на помош на оние, што имаа смирени очи. 30Тој го избавува невиниот од неволја, и тебе ќе те спаси чистотата на твоите раце.“

Селектирано:

ЈОВ 22: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се