ЈОВ 19
19
4. Втор Јовов одговор на Вилдад
а. Јов ги побива своите пријатели
1Јов проговори и рече: 2„Па, до кога ќе ја измачувате мојата душа, до кога ќе ме сотирате со зборови? 3Веќе десетпати ме укоривте, и не ви е срам дека ме измачувате. 4Па ако навистина застранив, мојата заблуда останува со мене. 5Мислите ли дека ме победивте и дека ја докажавте мојата вина? 6Знајте: Бог ме притисна мене и Тој ме стегна со својата мрежа. 7Викам: „Насилство!“ - нема одговор молам покорно - ама нема правда за мене.
б. Јов согледува дека Бог го поразува него
8Ми го загради патот од сите страни, ги завитка во темнина сите мои патеки. 9Ја соблече од мене мојата слава, го симна венецот од мојата глава. 10Ме потсечува одсекаде и исчезнувам; ми ја откорна надежта, како дрво. 11Неговиот гнев се распали против мене, и ме смета за Свој непријател. 12Неговите чети пристигаат во боен ред, насипуваат патишта против мене, го опколуваат мојот шатор отсекаде.
в. Јов оставен сосем
13Браќата се оддалечија од мене, моите познати се оттуѓија. 14Ги снема моите ближни и познати, ме заборавија гостите на мојот дом. 15На своите слугинки им сум како странец, непознат сум во нивните очи. 16Го повикувам слугата, а тој не одговара, треба да го заколнувам за милост. 17Моите воздишки станаа одвратни на мојата жена, гнасен сум им на децата на сопствената утроба. 18И на малите деца им служам за презир, ако станам, ми се криват. 19Им станав омразен на најблиските пријатели, против мене се оние кои ги љубев.
г. Негова молба за сочувство
20Коските ми се прилепени за кожата и телото, и ми остана само кожа околу забите. 21Смилувајте ми се, пријатели мои, зашто Божјата рака ме удри. 22Зошто ме гоните како Самиот Бог, зар не се наситивте со моето тело? 23О кога би биле запишани моите зборови и кога би биле нацртани во книга; 24да можат да бидат издлабени, со железно длето и олово, во карпа, за вечен спомен.
д. Величие на неговата вера во живиот Искупител
25Јас знам добро: мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата. 26А кога мојата кожа се раскине, тогаш знам, во своето тело ќе го видам Бога. 27Јас ќе го гледам Него како свој, моите очи ќе го гледат, а не некој друг: моето срце во градите, копнее по Него. 28Кога ќе речете: „Како ќе го гониме? Која причина ќе ја најдеме кога коренот се наоѓа во него?“ 29Бојте се тогаш од меч мечот е казна за грев. Тогаш ќе сознаете дека има суд!“
Селектирано:
ЈОВ 19: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.