Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 10

10
г. Јов продолжува да се жали
1Штом на мојата душа животот ѝ се смачи; нека потече слободно мојата тажачка, ќе зборувам со горчината на својата душа. 2Ќе Му речам на Бога: „Не ме осудувај!“ Кажи ми зошто се препираш со мене? 3Па што имаш од тоа да ме угнетуваш, да го зафрлиш делото на Своите раце, да им помагаш на намерите на нечесните? 4Дали се во Тебе телесни очи? Зар Ти гледаш како што гледа човекот? 5Зар Твоите денови се како деновите на смртникот, а Твоите години како човечкиот век? 6Заради што ја истражуваш мојата вина, и сакаш да ги разоткриеш моите гревови, 7кога знаеш добро дека сум невин, дека не можам да ѝ избегам на Твојата рака?
д. Јов го признава Бога за свој Творец и Бранител
8Твоите раце ме обликуваа, ме создадоа совршено, зошто сега пак да ме сосипеш? 9Спомни си, ме создаде како глина и ќе ме вратиш повторно во прав. 10Не ме излеа ли мене како млеко, и направи да се потсирам како сирење? 11Ме облече со кожа и месо, ме сплете со коски и жили. 12Со милост ми го подари животот, внимателно бдееше над мојот здив. 13Но во Своето срце го скри ова, знам дека тоа беше Твој наум:
ѓ. Јов повторно Му се жали на Бога
14да внимаваш будно дали ќе згрешам и да не ми помине гревот без казна. 15Ако сум грешен, тогаш тешко мене, ако сум прав, главата не смеам да ја поткренам - полн со срам, напоен со несреќа! 16Ако се исправам, ме гониш како лав, ја испитуваш Својата сила на мене, 17нови оптужби подигаш против мене, пламнуваш со поголем гнев на мене и војни, едни по други, ме напаѓаат. 18Зошто ме извади од утробата? О зошто не умрев: не ќе ме видеа, 19ќе бев како и да не сум бил, од утробата би ме ставиле в гроб. 20Дните на мојот живот се толку кратки! Остави ме да здивнам уште малку, 21пред да тргнам на пат без враќање, во земјата на темнината, земјата на смртната сенка, 22во земјата на густата темнина и метеж, каде што светлината е слична на најцрната ноќ.„

Селектирано:

ЈОВ 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се