Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВАН 9:24-34

ЈОВАН 9:24-34 MKB

Тогаш повторно го повикаа човекот, кој беше слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Тој Човек е грешник.“ А тој им одговори: „Дали е грешник - не знам; едно знам, дека бев слеп, а сега гледам.“ Тогаш му рекоа пак: „Што ти стори? Како ти ги отвори очите?“ Им одговори: „Веќе ви реков, и не чувте; што сакате да чуете повторно? Да не сакате и вие да Му станете ученици?“ Тие го укорија и рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици. Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеја; а од каде е Овој, не знаеме.“ Човекот им одговори и рече: „Тоа е чудното, што вие не знаете од каде е, а ги отвори моите очи. Знаеме дека Бог не слуша греш-ници, туку, ако е некој богобојазлив и ја врши Неговата волја, него го слуша. Откако е веков не се чуло некој да отворил очи на слепороден; ако Тој не беше од Бога, не би можел да направи ништо.“ Му одговорија и рекоа: „Ти сиот си роден во гревови, и ти ќе нѐ учиш нас?“ И го истераа надвор.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност